Политичките партии водат најскапа изборна кампања во историјата на Македонија, посочува Portalb.mk. во економската анализа на предизборието.
Во период од десет дена, само четири политички партии, ДУИ, ДПА, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ за изборни цели потрошиле 1,1 милион евра.
Најмногу пари за првите десет ден од изборната кампања потрошила ВМРО ДПМНЕ, која освен тоа, дала шест пати повеќе пари отколку што собрала.
Анализата покажува дека само за митинзи и реклами потрошени се скоро 600 000 евра.
Во период од 21 до 27 ноември според првиот Извештај за предизборните трошења на политичките паритии, Транспернси интернешнал констатира дека веќе од страна на политичките играчи на изборите само за митинзи се потрошении 300 000 евра и уште толку за медиумско рекламирање.