Зошто полицијата денеска интервенирала во американската амбасада?

by Фокус 22:20
22:20

Масовно полициско присуство во непосредна близина на Амбасадата на САД во земјава денеска попладне го привлече вниманието на случајни минувачи, кои за Фокус сведочат дека полицијата го блокирала сообраќајот кај влезот на амбасадата на скопско Кале.

Од Амбасадата ни потврдија дека се случил инцидент, но за што поточно станува збор, од таму не упатија да побараме одговори од Министерството за внатрешни работи, каде впрочем го пријавиле инцидентот.

- Advertisements -

Се обративме и до МВР со прашање каков бил карактерот на инцидентот во посочената амбасада во однос на кој денеска интервенирале по поднесена пријава, но досега не добивме одговор.

Во исчекување на официјални одговори, може само да се претпоставува што се случило во амбасадата, меѓутоа, штом реагирала полицијата, очигледно ситуацијата не била за потценување, без оглед дали се работело за реална опасност или лажна закана.

И пред неколку месеци се случи инцидент во ова дипломатско претставништво, кога безбедносните протоколи ги активирала ненајавена вежба на дваесетина припадници на полициската единица Алфи, кои симулирале реакција во случај на терористички напад на амбасадата, но без претходно за тоа да ја известат амбасадата.

В.С.

Поврзани новости