Најпродаваниот модел на „Грин Машинс“ на БРАКО продолжува да биде атрактивен за Саудиска Арабија

by fokus

Најпродаваниот модел на брендот на БРАКО „Грин Машинс“, возилото GM636, се покажува како многу практично и ефикасно при работата и затоа го држи приматот на најпродавано возило во арапските земји.

„Грин Машинс“, со најновата испорака во Саудиска Арабија токму на три вакви машини, дизајнирани со максимални перформанси и конструирани за работа во секакви временски услови, ја надмина бројката од над 30 испорачани возила во оваа земја, од кои 2/3 се токму од типот GM636, популарно наречени и „Ловци на нечистотии“.

Преку оваа порачка, се докажува дека овој тип на техничко средство е најпогодно за чистење на површините во урбаните средини на најголемата земја на Арапскиот полуостров, која е и 12 земја во светот и една од топ 20 земјите по бруто домашен производ.

ПР текст

Поврзани новости