Најпогодениот град од корона вирусот Куманово ги отвора пазарите

by Fokus

Двата пазара во Куманово, градот кој е еден од најпогодените од корона вирусот, денеска почнаа да работат, информираа од јавното претпријатие „Пазаришта“.

Пазарите, кои се наоѓаат на булеварите „Трета МУБ“ и „Октомвриска револуција“, ќе работат од понеделник до петок од 8 до 16 часот.

„По секој работен ден, пазарите ќе се дезинфицираат. Остануваат сите препораки на Владата, Министерството за здравство и на Кризниот штаб на Куманово. Задолжителни се маски, ракавици, дезинфекциски средства, дистанца од два метра“, истакна Илир Саити, директор на претпријатието.

 

Поврзани новости