Највисоки плати во земјава добиваат компјутерските програмери, проферсија која одамна е прва на листата најплатени во земјава. Просечата плата во октомври изенсувала околу 1.000 евра или просечни 60.899 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Втори на списокот топ-пет најплатени професии се фармацевтите, кои во октомври земале во просек 46.713 денари нето плата. По нив, следуваат вработените во воздухопловен транспорт со 45.683 денари за октомври, па вработените во финансиско-услужните дејности со 44.340 денари и последни се вработените во телекомуникацискиот сектор со 40.153 денари нето плата.
На другата страна од скалилото, пак, топ-пет најнеплатените професии во земјава се со минимум трипати и дури над четири пати пониски плати од професиите со највисоки примања. Така убедливо на дното се вработените во секторот заштитни и истражни дејности кои со платите се пониски од сегашниот минималец, односно во октомври добиле во просек по 13.707 денари.
Потоа, следуваат вработените во секторот услуги поврзани со одржување згради со 15.296 денари, па тие во рибарство и аквакултура со 15.498, а нешто подобри со плати од 16.530 денари и 16.600 денари се вработените во производство на облека, и во дејностите за подготовка на оброци.