Николовски доби признание од СОС Детско село, бидејќи ги донирал сите министерски дневници

by Фокус

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, додека ја извршуваше функцијата министер за земјоделство сите дневници ги донирал, поради што доби признание за најголем индивидуален донатор за 2019 година од СОС Детско село.

„Ми го исполнивте срцето со радост и среќа! Благодарен сум на СОС Детско село за ова признание кое многу ми значи! Да бидеме хумани и благородни, да донираме, да помагаме, да подадеме рака секому! Секој ден може да биде повод за мал гест!“, напиша тој на фејсбук.

Поврзани новости