579
Денеска во 12 часот и 15 минути на Сквер Јадран ќе се одржи перформанс “Македонија вселува – 50 луѓе во 40м2” во организација на Граѓанската акција “Заслужуваме подобро!”.
„Почитувани претставници на јавноста на предемократска, фер и слободна Македонија, Ви го претставуваме најновиот проект на господарите на државата со наслов “Македонија вселува – 50 луѓе во 40м2”.
Сите детали во врска со проектот кој е од суштинско значење во овој предизборен период ќе ги претставиме утре, за време на јавното вселување од страна на група послушни човечиња“ се вели во соопштението на Граѓанската акција “Заслужуваме подобро!”.