Најголем број на заболени од корона вирус, според статистиката на Министерството за здрасвтво, има во Скопје, вкупно 183 заразени, а на второ место е Куманово, каде има регистрирано 54 заболени.
Куманово, со бројот на заболени го престигна и Дебар каде има 47 заразени. По Дебар, следува Штип со 15 заразени, Тетово со 13, Прилеп со еден случај помалку. Во Струга има девет заболени, во Велес шест, Битола четири. Охрид, три, Кавадарци два и двајца во Гевгелија. По еден заболен пациент има во Гостивар, Струмица, Крива Паланка и Кочани.
Во зиминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи, по седум во Скопје и Куманово, пет во Тетово, два во Прилеп и Струга и по еден заболен во Гевгелија и Кочани.
Вкупната бројка на заболени е 354, а досега починаа 11 лица.