Излекувани вкупно 17 пациенти од корона во земјава

by fokus

Со испишувањето на петмината пациенти од Клиниката за инфективни болести, бројот на излекувани од корона вирус, се искачи на 17 лица. Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека петте пациенти биле негативни на двата контролни теста и се во добра општа состојба и ќе се упатат на домашно лекување.

– Од 28-те пациенти во Дебар, коишто се наоѓаат на домашно лекување, на 11 од денеска и во следните денови им се земаат контролните брисеви. Тие се во сосем добра општа здравствена состојба, поминати се доволен број денови за да се очекува дека се негативизирани, согласно нивната состојба и согласно тоа ќе се постапи во однос на нивниот натамошен третман, изјави Филипче.

Вкупната бројка на хоспитализирани пациенти изнесува 354. На Инфективната клиника, вчера се примени девет нови пациенти, вкупно 59 се хоспитализирани – од кои 12 се со потешка клиничка слика, а пет пациенти се поставени на механичка вентилација.

Поврзани новости