Најмногу заболени од корона во Скопје има во Карпош, 34 регистрирани

by fokus

На ниво на општина на територијата Скопје, пријавени се заболени лица од корона вирус во 10 општини, а најголем број на заболени се регистрирани во Карпош, соопштуваат од Институтот за јавно здрвје кое направи извештај на заболените по општини.

Во Карпош има 34 заболени, потоа доаѓа општина Центар, каде има 28 заболени, а 25 регистрирани случаи има во општина Кисела Вода. потоа следуваат Гази Баба, Ѓорче Петров. Во Аеродром има 12 заболени, а во Бутел, Чаир и Сопиште по седум. Во Илинден има шестмина, а еден од заболените е странец. Вкупно 12 лица потекнувале од друг град а живееле во Скопје.

Најголем број на заболени од корона вирус, според статистиката на Министерството за здрасвтво, има во Скопје, вкупно 183 заразени, а на второ место е Куманово, каде има регистрирано 54 заболени. Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи, по седум во Скопје и Куманово, пет во Тетово, два во Прилеп и Струга и по еден заболен во Гевгелија и Кочани.

Поврзани новости