Најмногу слободни работни места има во услужните дејности и продажба

by fokus

Во четвртото тримесечје од 2021 година во земјава имало имало 7.979 слободни работни места, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Стапката на слободни работни места во државата изнесува 1,59 проценти. Највисока стапка на слободни работни места од 3 отсто има секторот Л – Административни и помошни услужни дејности, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,29 проценти.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,28 проценти.

Вардарскиот регион има највисока стапка на слободни работни места и таа изнесува 1,91 проценти.

Најголем број на слободни работни места, односно 2.934, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Поврзани новости