Најмалку три лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,1 степени во Иран

by Fokus 08:12
08:12

Најмалку три лица загинаа рано утринава во земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер во јужен Иран, јави државната телевизија.

-За жал, досега имавме три смртни случаи и осум повредени, изјави за телевизија Мехрдад Хасанзадех, шеф на управата за вонредни состојби во провинцијата Хормузган на брегот на Персискиот Залив.

Иранските медиуми објавија дека јачината на земјотресот е 6,1 степени, додека Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека бил со јачина од 6,0 степени.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, додава ЕМСЦ.

Иран претрпе неколку разорни з емјотреси во последниве години

Поврзани новости