Најмалку три лица загинаа во руското бомбардирање на Запорожје

by irena 08:25
08:25

Најмалку три лица загинаа во руското бомбардирање на градот Запорожје на југот на Украина, објавија денес регионалните власти.

Во бомбардирањето се повредени и две лица, од кои едно е во тешка состојба, напиша на Телеграм Иван Федоров, раководител на регионалната администрација на Запорожје.

Во руските напади од синоќа, едно лице е рането во Киев и едно во Суми, според локалните власти.

Руските власти претходно објавија дека три лица се убиени, а 16 се ранети од синоќа на Крим во напад на украински беспилотни летала.

Слични вести