659
Украинските власти тврдат дека руската авијација со ракети воздух-земја ги нападнала целите во западна Украина.
Најмалку шест бомбардери Ту-95 истрелале ракети воздух-земја против цели во Луцк и во Ивано-Франковск.
Во Луцк, како што јавија дел од украинските медиуми, била погодена фабрика за поправка на мотори на борбени авиони, а нападнат е и централниот украински град Днипро.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека извршиле околу 10 мисии со борбени авиони МиГ-29 и Су-27, вклучително и напад врз непријателски авиони.
Според украинските власти при синоќешниот руски воздушен напад врз воениот аеродром во Василков, јужно од Киев, биле погодени складиште за муниција и складиште за гориво. При нападот целосно е уништен аеродромот.