318
Најмалку седум лица загинаа утринава во експлозија на автобус што превезувал работници на нафтена компанија во провинцијата Балх, на северот од Авганистан, соопшти полицијата.
Британските медиуми додаваат дека во експлозијата има уште најмалку шест поврдени лица.
-Експлозијата се случи во автобус што превезувал вработени во нафтената компанија Хаџратан, изјави полицискиот претставник Мохамад Асиф Вазери.
Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата.
Неодамна имаше неколку напади во урбаните центри во Авганистан, а одговорноста за некои од нив ја презеде терористичката Исламска држава, наведуваат британските медиуми