Најмалку пет земји членки на ЕУ се против почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, тврди Николоски

by fokus

Доколку Македонија беше според перцепција за корупција во првите 30 во Светот, а во првите 100 како што е во моментот, верувајте многу поразлично ќе изгледаше проблемот со нашиот сосед Бугарија. Затоа што во моментот најмалку 5 земји членки на ЕУ, не мислам на Германија, но мислам на останатите мислат дека Македонија не заслужува ниту почеток за преговори за членство со ЕУ, пред се заради високо ниво на криминал и корупција, и затоа не се врши притисок врз Бугарија, изјави потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на трибина во Струга.

Николоски потенцираше ако претходно се зборувало само за висока корупција сега во владеење на СДСМ и ДУИ, корупцијата ја има од најниско до највисоко ниво од шалтерски работник па се до премиер, укажувајќи дека ако порано се иселувале од Македонија заради економски причини, сега тоа се прави затоа што нема ред и поредок во државата.

-Ако во некои минати времиња се зборуваше за високо ниво на корупција, сега корупцијата ја имате од најниско до највисоко, од шалтерски службеник до премиер, комплетен систем на корупција, кој за жал ја јаде Македонија и прави многумина да се иселат од државата. Затоа што ако во минатото се иселувале од економски причини, сега многумина се иселуваат бегаат затоа што нема ред, кажа Николоски.

Поврзани новости