Најмалку едно лице загина, а 30 се повредени откако воз излетал од шините во Холандија

by Fokus

Најмалку едно лице загина, а триесетина се повредени, од кои некои потешко, откако патнички воз излетал од шините во западна Холандија, соопштија локалните медиуми, пренесе Би-би-си.

Би- би- си повикувајќи се на извештајот од службите за итни случаи, пишува дека до несреќата дошло откако возот, кој пренесувал околу 50 луѓе, удрил во градежна опрема која била оставена на шините во близина на селото Воршотен во западна Холандија.

Локалните медиуми јавија дека по судирот избувнал пожар во задниот вагон на патничкиот воз.

Несреќата се случила во 3:25 часот по локално време (1:25 часот по Гринич) во вторникот во селото Воршотен, кога возот делумно излетал од шините. Воршотен се наоѓа во близина на Хаг во западна Холандија.

 

Поврзани новости