Досегашниот биланс на жртви од „историската“ зимска бура во САД се искачи до 57, од кои 27 загинале само во округот Ери, сојузна држава Њујорк, јави Ен-Би-Си.
– Бројот на загинати се очекува да се зголеми, бидејќи снегот продолжува интензивно да паѓа во округот Ери, поради што патиштата во многу реони, вклучувајќи голем дел од Бафало, се непроодни, изјави Марк Полонкарц, првиот човек на округот.
Заклучно со понеделник, бурата зафати територија започнувајќи од Големите езера близу Канада до реката Рио Гранде на границата со Мексико и ги одзеде животите на најмалку 57 луѓе, јави телевизијата.
Смртни случаи се регистрирани во12 држави: Колорадо, Илиноис, Канзас, Кентаки, Мичиген, Мисури, Небраска, Њујорк, Охајо, Оклахома, Тенеси и Висконсин.
Во округот Ери починале 27 лица, според судскиот медицински експерт, многумина од нив поради срцеви проблеми додека го чистеле снегот, други биле најдени мртви во своите коли. Еден човек во округот Нијагара починал од труење со гас