Протест на средношколци пред тетовскиот суд: Убиецот има име!

Тие бараа правда за нивен соученик кој беше убиен на 22 декември

by Fokus

Десетина ученици од средното стручно училиште „8 Септември“ во Тетово денеска протестираа пред зградата во која се наоѓаат Основниот суд и Обвинителството, со цел, како што извикуваа пароли да има правда за убиството на нивниот соученик 16 – годишник од Ново Село чие безживотно тело беше најдено на 22 декември во реката Пена кај месноста Бањиче.

На 23 декември СВР Тетово и Обвинителството објавија дека по првичниот увид осомничена е 17- годишна девојка која доби и притвор. Таа денеска беше донесена во Судот, но од таму не добивме информација која е причината.

-Убиецот има име, бараме правда за Бехар, извикуваа учениците.

Шеснаесетгодишникот беше најден во реката Пена кај месноста Бањиче, а по увидот и наредба на Обвинител врз телото беше направена обдукција. Ден подоцна, надлежните информираа дека седумнаесетгодишна девојка е осомничена за убиство со умисла на 16 – годишното момче.

Поврзани новости