Најмалку 52 лица се повредени откако денеска авион при слетувањето на истанбулскиот аеродром „Сабиха Гокчен“ ја промаши пистата, се урна во поле и се распадна на три дела. Дојче веле јавува дека во несреќата се повредени 120 лица.
На телевизиски снимки можеше да се види скршен трупот на авионот и евакуација на патниците.
Турскиот министер за транспорт Мехмет Чахит Турхан изјави дека нема загинати во инцидентот и оти најголемиот дел од патниците можеле сами да го напуштат авионот при евакуацијата.
Турската телевизија НТВ извести дека авионот се запалил, но пожарот веднаш бил изгаснат. Истата телевизија информира дека авионот припаѓа на компанијата Пегасус ерлајнс и пристигнал од Измир.
Турското Министерство за сообраќај соопшти дека во авионот имало 177 патници и членови на екипаж. Министерството посочи дека до несреќата дошло поради груба грешка при слетувањето.