Мицкоски за изјавата на Брнс: Нејзината насока беше да не се злоупотребува Преспанскиот договор во изборната кампања

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски даде свое толкување на изјавата на американската амбасадорка Кејт Брнс ВМРО-ДПМНЕ да не ги манипулира граѓаните со ревидирање на Преспанскиот договор.

-Насоката од страна на амбасадорката е сосема поинаква од суштината која некои сакаат даја презентираат. Насокате е да не се злуопотребува Преспанскиот договор во кампањата. Вели имате други проблеми… Да не биде Преспанскиот договор на кој се прекршуваат копјата. Суштината е да не се споменува и злоупотребуа во изборната кампања. Тоа е нејзин легитимен став. Јас последен пат како што се сеќавам живеам во демократска држава, и не треба да се суди за различно мислење, рече Мицкоски во гостувањето на телевизија Телма.

Поврзани новости