252
Најмалку 38 луѓе загинаа, а двајца се водат како исчезнати во вчерашниот пожар што изби во фабрика во кинеската централна покраина Хенан.
Како што јави денеска кинеската новинска агенција Синхуа, пожарот избувна вчера попладне во фабрика во градот Ањанг.
Во Кина чести се индустриските несреќи поради непочитување на безбедносните прописи.
Во март 2019 година во експлозија во хемиска фабрика во Јанченг, 260 километри северно од Шангај, загинаа 78 луѓе и беа уништени куќи во радиус на неколку километри.
Но, една од најголемите индустриски несреќи се случи во 2015 година во Тијанџин, северна Кина. Тогаш во огромна експлозија во складиште за хемикалии загинаа најмалку 165 луѓе во големиот пристанишен град на 120 километри југоисточно од Пекинг.