Повеќе од 34 смртни случаи се регистрирани во западна Канада, посебно во регионот околу Ванкувер, заради рекордните горештини, соопшти денеска полицијата, пренесоа француските медиуми.
Кралската канадска коњаничка полиција информира за повеќе од 34 смртни случаи што за 24 часа биле пријавени кај локалните власти.
Големата жештина се смета за главната причина за повеќето смртни случаи, а дел од биле повозрасни лица, додава полицијата.
-Нужно е меѓусебно да се проверуваме за време на овие екстремни горештини, изјави Мајк Калањ, портпарол на полицијата во областа Ванкувер.
Во градот Литон, во Британска Колумбија, пред два дена беа измерени рекордни 47,9 степени Целзиусови, јави локалната метеоролошка служба на Твитер, со што е соборен канадскиот рекорд од 45 степени Целзиусови, измренеи на Мидале, во Саскачеван, во 1937 година.