Вучиќ: На самитот во Скопје ќе го смениме името на иницијативата за мини Шенген

by fokus

Претседателот на Србија Александар Вучиќ синоќа на ТВ Еуроњуз изјавиви дека иницијативата „мини Шенген“, во која Србија е со Северна Македонија и Албанија, ќе го смени името на самитот во Скопје, што ќе се одржи на 28 и 29 јули, јави доспиникот на МИА од Белград.

Тој додаде дека трите земји ќе продолжат да работат со доверба едни во други.

Според него, сите што се залагале за Балканот на Балканците страдале, затоа што биле терани од сите за да можат да си ги користат потенцијалите на Балканот.

– Кога ќе разбереме дека сме на европски пат, но дека сами можеме да сториме повеќе во моментов, да создадеме доверба и ако успееме да склучиме три договори до 29 јули, сите наши капацитети ќе бидат поголеми – кажа Вучиќ, додавајќи дека тоа не е замена за европската интеграцијата на било која земја.

Тој оцени дека овој проект е многу важен како идеја за иднината, затоа што ќе им овозможи капацитети на сите кои учествуваат во тоа.

Александар Вучиќ изјави и дека влезот на Србија во Европската унија не зависи само од Србите, додавајќи дека во самата Унија има заситеност од проширувањето.

– Во ЕУ не постои желба за проширување. Ќе сториме сè, постигнавме напредок во владеењето на правото, бевме конструктивни во разговорите со Приштина, и добивме ли нешто- не! Постои политичко заситување со проширувањето кон ЕУ – кажа Вучиќ на ТВ Еуроњуз.

Поврзани новости