Најмалку 12 жртви по земјотресот во Еквадор, многумина се заробени под урнатините

by Fokus

Гиљермо Ласо – претседателот на Еквадор соопшти дека најмалку 12 лица загинале во силниот земјотрес што денеска ја погоди земјата.

Aгенциите пренесоа дека едно лице загинало во градот Куенка и три во крајбрежната држава Ел Оро. Информациите се дека многу луѓе се заробени под урнатините.

Во земјотресот оштетени се куќи и згради, а бројни граѓани во паника излегоа на улиците и не сакаат да се вратат во своите живеалишта.

Властите наредија затворање на три тунели низ кои поминуваат за возила.

Американскиот геолошки институт објави дека земјотресот со јачина од 6,8 степени се случил во крајбрежниот регион Гвајас, околу 80 километри јужно од Гвајакил, вториот по големина град во Еквадор, пренесе АП.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала го погодил брегот на Еквадор, а епицентарот бил на длабочина од 10 километри.

 

Поврзани новости