Најмалку единаесет лица се загинати, а десетици се повредени во пожар кој прво горел на ниска вегетација, а потоа од ветер се проширил во неколку села на југоистокот на Турција.
Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа денеска објави дека има 11 смртни случаи и 78 повредени лица, од кои пет морале да бидат примени на интензивна нега.
„Единаесет лица ги загубија животите, а 78 лица се повредени од пожарот што избувна вчера вечерта во населбата Коксалан и селото Јазчичи во областа Чинар во Дијарбакир и селата Јуџебаг и Јеткинлер во областа Мазидаги во Мардин. Поради овие пожари во селата на границата на Дијарбакир и Мардин, пет пациенти во моментов се на интензивна нега во Дијарбакир и четири од нив се интубирани. Еден пациент е на интубиран третман во Шанлиурфа. Вкупниот број на пациенти кои се лекуваат во нашите болници е шест“, изјавил Коџа.