МНР: Македонката која загина во Грција имала 29 години, а тешко се повредени уште две 24-годишни девојчиња

by fokus

Македонката која денеска загина во сообраќајка во Грција имала 29 години, а двете тешко повредени сопатнички се на возраст од 24 години, информираат од МНР.

Четвртата девојка која била со нив се извлекла без повреди.

-Информираме дека во текот на денешниот ден, во 12 часот (локално време), на Автопатот Егнатиа, во Република Грција, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која за жал, М.Н. (1995), државјанка на Република Северна Македонија го изгуби животот.

Претставниците на Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун, кои од времето на настанатата трагедија беа во контакт со блиски на жртвата, остануваат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките на починатата во земјата.

Воедно, информираме дека засегнати се и три наши државјанки, сопатници на починатата, А.К (2000) и М.Р (2000), кои добиле тешки повреди и И.Ј (1999) која не е повредена, при што две се хоспитализирани.

Генералниот конзулат останува во постојана комуникација со надлежните институции и на располагање на повредените наши државјанки и нивните семејства при евентуална потреба за помош, до нивното враќање дома”, велат од МНР.

Поврзани новости