Најголема излезност до 11 часот во Центар, Крива Паланка и Карпош

by fokus

До 11 часот 8,03 проценти од запишаните гласачи го искористиле своето право на глас, информираа од Државната изборна комисија.

Од таму велат дека најголема излезност има во Центар или 13,31 проценти, потоа во Крива Паланка 13,08 отсто и во Карпош 12,51 отсто.

До 11 часот најниска е излезноста во Могила 3,16 отсто и Пласница 3,30 отсто.

Од ДИК додаваат дека до сега биле поднесени седум приговори за заштита на избирачкото право, од кои три се одбиени, а четири се во обработка.

Поврзани новости