560
Изминатата недела биле регистрирани нови 7.280 заразени со корона вирусот, односно позитивни биле 37 отсто од тестираните, јавува Институтот за јавно здравје.
Најголем дел од ново заразените се на возраст од над 60 години или 21,2%, а голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30 до 39 години или 19,9 %. Потоа следуваат заразените на возраст од 40 до 49 години со 19,3%, од 50 до 59 години со 19,2% и од 20 до 29 години со 15%. Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години 1,6% и од 10 до 19 години 3,5%.
Во однос на пол, од заразените 51,6% се мажи, а 48,4% се жени.