Најголем дневен пораст на заразени во Германија, дури 23.542 нови случаи на Ковид-19

by fokus 13:10
13:10

Во Германија денеска е регистриран најголем број на новозаразени лица со корона вирусот во еден ден – 23.542, покажуваат податоците на Институтот „Роберт Кох“.

Канцеларката Ангела Меркел в понеделник ќе разговара со гувернерите на сојузните држави за воведување нови мерки.

- Advertisements -

Германија на 2 ноември започна со делумен карантин кој ќе трае четири недели, а целта е да се намали драстичниот пораст на бројот на новите инфекции.

Рестораните, баровите, објектите за спорт и забава се затворени, но училиштата и продавниците се отворени.

Официјални претставници велат дека се уште е брзо да се утврди дали новите мерки го даваат посакуваниот ефект.

Поврзани новости