Најголем број од заразените се на возраст од 30 до 39 години

by fokus

Според податоците на Институтот за јавно здравје, најголем процент од заразените со Ковид-19 се на возраст од 30 до 39 години, односно 22%.

-Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (22%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 (19,7%), 40-49 (18,5%), 50-59 (17,4%) и 20-29 (15,8%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (2,1%) и 10-19 години (4,4%), соопштуваат од Министерството за здравство.

Во однос на пол, пријавени се 1.695 (49,7 отсто) лица од женски и 1.715 (50,3 проценти) од машки пол.

Поврзани новости