Најчевска: ВМРО-ДПМНЕ не е симната од власт!

by fokus

Професорката Мирјана Најчевска смета дека ВМРО-ДПМНЕ не е симнато од власт, а притоа упати и критики кон министерот за здравство, Венко Филипче.

„Како што реков, ВМРО-ДПМНЕ не е симнато од власт.
Не е деконструиран ни груевизмот.
Мислам и дека не може да биде затоа што овие кои се на власт повторуваа по нас уличарите и хулиганите: груевизам, груевизам, ама изгледа појма немаа за што зборуваме.
Мислам дека потајно дури и им се допаѓа Скопје 2014 (инаку нели до сега немаше камен на камен да остане).
А начинот на владеење на Груевски дефинитивно си е тука заедно со непотизмот и корупцијата и самовластието и партиското наместо правното, и етничкото наместо граѓанското. И она така добро познатото: се е според закон. Или, ако има прекршување на законот веднаш пријавете. Или, да ги оставиме институциите да си ја завршат работата.

За мене Филипчо е претставник на Груевски кој ја тера започнатата работа на уништување на јавното здравство“, вели Најчевска.

Поврзани новости