Загина пилотот чиј авион се сруши кај Зрењанин

by lali

При пад на авион кај Зрењанин денеска загинал 47-годишниот пилот Владимир Булат од Белград, пренесува Курир.рс 

Инспектори од Центарот за истражување на несреќи во сообраќајот се упатиле на лице место за да извршат увид.

– Пилотот очигледно изгубил контрола за време на летот над аеродромот и дошло до пад – рекол директорот на Центарот за истражување несреќи во сообраќајот, Небојша Петровиќ.

Булат бил искусен пилот на акробатски летови. Завршил Воздухопловна академија во Белград, каде и живеел. Бил претседател на Аероклуб Зрењанин.

Поврзани новости