Најчевска: Собранието да престане да постои, Мицкоски решава за сè, тој им кажува на пратениците што да прават и како да гласаат

by irena 16:53
16:53

Професорката во пензија и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска ја коментираше денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски околу евентуалното разрешување на претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска. Според Најчевска, Собранието треба да престане да постои врз основа на отсуство на било каква функција која во моментов ја врши. Смета дека премиерот одлучува за се и, како што вели, тој им кажува на пратениците што да прават и како да гласаат.

-Зошто да даваме толку силни пари за плати на дрвени кукли, и патни трошоци, и собраниски служби и одржување на зграда. Собраниската зграда може да се даде под концесија на некоја коцкарница и да се претвори во прекрасен хотел со сали за коцкање. Барем ќе се добиваат пари од порез, објави Најчевска на социјалните мрежи.

-Естрадата на естрадните уметници, а политиката на политичарите. Немаме намера од случајот со претседателката на антикорупциска Димитровска да правиме естрада, вели Мицкоски во однос на тоа дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ќе поднесат барање за разрешување на првата антикорупционерка која е обвинета за две кривични дела.

Обвинета е за оддавање службена тајна на обвинет во случајот „Адитив“, но и за испитот за нејзиниот безбедносен сертификат. Не го полагала Димитровска, туку во нејзино име полагал колега од Државниот завод за ревизија. За претседателката на Антикорупциска сè уште не е побарано оставка.

Слични вести