-Советот на Европа е составен од група многу поткупливи луѓе кои немаат појма од човекови права. Со изборот на Јован Илиевски за судија во Европскиот суд за човекови права покажа дека ја поддржува фашистичката власт во Република Македонија – реагира професорката Мирјана Најчевска на најзиниот Фејсбук профил по објавувањето на резултатите од гласањето во Парламентарното собрание на Советот на Европа.
-Срамна и бедна одлука на Советот на Европа која ќе има далекусежни последици не само врз Македонија туку врз секој иден случај кој ќе дојде пред судот, а кој ќе биде решен со мито. Ова беше местото каде што се бараше конкретна одлука на европските држави да покажат кого го поддржуваат во оваа држава.Не продавање пуфки, не држење лекции, не држење предавања. Требаше да изберат. И тие избраа. Јасно и гласно ја поддржаа мафијата. Срам да ви е! – напиша Најчевска.
Инаку, обвинителот во Обвинителството за организиран криминал Јован Илиевски со 106 гласа „ЗА” денеска беше избран за судија во Стразбур, додека неговиот противкандидат, судијката од Уставниот суд и професорка Наташа Габер Дамјановска добила 86 гласа.
Претходно пак, комисијата за избор на судии при ПССЕ имаше разговори со сите канидати, по што со тесно мнозинство од гласови предност и даде на Габер-Дамјановска, пред Илиевски, кој инаку е баџанак на бившиот директор на УБК Сашо Мијалков.