Најчевска: Овие од Антикорупциска само лаат и ништо не завршија до крај

by Fokus

Професорката Мирјана Најчевска преку својот фејсбук профил ја нападна Државната комисија за спречување на корупцијата.

Според неа, оваа институција нема истерано до крај ниту еден случај што го започнала, а многу повеќе, како што вели, се занимаваат со гостување по телевизии.

„Оваа државнава комисија за спречување корупција има изведено до крај некој случај?

Или мислат дека нивна работа е да се шетаат по телевизии и лаат.

Лаеа за Бујар, па за синот на Талат, па за некои службени лица во општина Гостивар, па против одговорно лице во државното правобранителство, па против Мојсовски, па јавни набавки во Охрид, па … И се заврши со лаење.

Да ви кажам право некои невладини организации имаат направено многу повеќе од сите наводно моќни заштитни институции на државата“, пишува професорката Најчевска на својот фејсбук профил.

Поврзани новости