Најчевска: Ова се тие кои се залагаат за владеење на правото и европските вредности?

by Fokus

Професорката Мирјана Најчевска со критика и до Изет Меџити, кој го предводи Демократското движење.

Таа реагира на неговото признание дека му ја легализирал дивоградбата на актуелниот министер за надворешни работи и претседателски кандидат на ДУИ, Бујар Османи, додека Меџити беше градоначалник на Општина Чаир.

„Ова се тие кои се залагаат за владеење на правото и европските вредности?

Едните го кршеле законот со градење дивоградби, а другите со противзаконска легализација на истите.

А СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ принципиелно ги поддржуваат“, пишува професорката Најчевска во својата објава на фејсбук.

Поврзани новости