На демонстрантите пред Собранието им се обрати професорката Мирјана Најчевска кој утрово беше повикана во полициска станица и беше казнета со 50 евра поради фрлање со боја.
-Ни ја уништија сегашноста, ни ја заробија иднината, доста беше. Не одиме ниту чекор наназад и не ви се плашиме. Многу е просто: се работи за високи фукционери кои краделе, лажеле, измачувале и убивале и сега се сакаат да се извлечат. Не работи за политика или идеологија. Се работи за ординерни криминалци кои не сакаат да одат во затвор. А, секоја мафија мора да заврши на робија, рече Најчевска.
По говорот, таа ги повика сите граѓани да фрлаат со балони со боја кон Собранието. Со катапултот боја фрлаше секој кој изрази желба, а најмногу тоа беа жени. Со боја повторно фрлаше и Најчевска.