Најчевска: Не ни треба помирување со мафијата, ни треба војна со мафијата

by fokus

По денешните случувања, професорката Мирјана Најчевска се огласи со Фејсбук коментар и порача дека не ни требаат реформи, туку длабок рез и војна со мафијата.

-Борбата со мафијата може да ја води само некој кој верува во правото, кој го спроведува правото и кој е спремен да се спротистави на искушението на неправото.
Се друго само и оди на рака на мафијата која на крај ќе се извлече. Не ни треба помирување со мафијата. Ни треба војна со мафијата.
Не ни требаат преговори со мафијата. Ни треба сосекување до корен на мафијата.
Не ни требаат реформи. Ни треба длабок рез со кој ќе се исчисти гнојот насобран со години, порача Најчевска.

Поврзани новости