Најчевска: Не е проблем да платам 200 евра, проблем е што власта не ја разбрала симболиката

by fokus

Професорката Мирјана Најчевска доби казна од 200 евра, поради фрлање боја на државни институции за време на „Шарената револуција“.

Како што порача таа, не е проблемот во висината на казната, туку како што вели, владата не ја разбрала симболиката на тоа дело.

„Не е проблемот јас да платам 50, 100 или 200 евра. Симболиката беше јасна дека ја шараме државата заради тоа што не ја препознава различноста. Ја шаравме затоа што сите сме различни и поинакви. Со тоа сакавме да се ослободиме од затворот. Но, проблемот е многу суштински. Преку ова, власта испраќа порака дека не ја сфатила симболиката“, истакна Најчевска.

Поврзани новости