Диносаурус во скопската Зоолошка градина

by fokus

Во скопската Зоолошка градина пристигна првата од трите скулптури на диносаурус, изработени од рециклиран отпад.

„Пристигна првиот од трите диносауруси, скулптури на уметникот Андреј Миневски, кои се изработени од рециклиран отпад, железо. Андреј се приклучи во кампањата “Креирај и донирај”, а неговите уметнички дела посетителите ќе може да ги видат до јуни. Голема благодарност до господинот Миневски и до ЈП Водовод и канализација Скопје кои ги пренесуваат диносаурусите и несебично секогаш помагаат на Зоо Скопје“, информираа од таму.

Пристигна првиот од трите диносауруси, скулптури на уметникот Андреј Миневски, кои се изработени од рециклиран отпад,…

Publiée par Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје sur Mercredi 27 février 2019

Поврзани новости