Најчевска: На пазар дознав дека сум член на Советот за реформи во правосудството

by fokus 19:44
19:44

Професорката Мирјана Најчевска во вечерашното гостување на Топ тема рече дека членовите на Советот за реформи во правосудството се уште не знаат која е нивната улога, колкав е нивниот мандат или само се ангажирани за да одговорат на барањата на Владата и да ја соверуваат за одредени промени.

-На пазар дознав дека сум член на Советот за реформи во правосудтвото. После објавувањето, никој не не контактираше. Им пишав на сите одговорни да се закаже состанок и на крај се заканив дека ќе излезам во медиум дека името ми е ставено во Советот, а дека не се свикува состанок. После половина час беше закажан состанок, рече Најчевска.

- Advertisements -

Поврзани новости