Најчевска: Бугарите не смеат да влезат во Уставот без да биде признаено македонското малцинство

by fokus

Професорката Мирјана Најчевска порача дека Бугарите не смее да влезат во Уставот на Македонија без во исто време да биде препознаено и признаено македонското малцинство во Бугарија.

-Со сите права кои припаѓаат на едно малцинство согласно меѓународните договори кои ги има ратификувано Бугарија. Секоја друга постапка е срам и понижување за државата и ќе претставува неверојатен удар врз и онака многу нискиот рејтинг кој го имаме на меѓународно ниво, пишува Најчевска на Фејсбук.

Професорката се прашува и колку Бугари навистина има во Македонија.

-Не знаеме дали има Бугари во Македонија. Да видиме колку се изјасниле како Бугари на последниот попис (2, 3, 100, 200?), вели Најчевска.

Поврзани новости