Американец уапсен поради закана за убиство на Бајден

by fokus

Жител на Канзас е приведен во САД под обвинение дека се заканувал со убиство на американскиот претседател Џо Бајден.

Уапсениот Скот Мериман изјавил дека „Бог му заповедал да замине во Вашингтон и да ја отсече главата на змијата во срцето на нацијата“.

„Њујорк пост“ објави дека полицијата во Канзас претходно ја информирала тајната служба дека Мериман им се јавил и кажал дека тргнал на пат кон Вашингтон за „да се види со претседателот“. Тој ѝ кажал на полицијата дека е на пат кон Белата куќа за да му каже на Бајден дека на луѓето им е преку глава од поделеноста на земјата и дека треба да се обратат кон Бога.

Мериман, исто така, направил голем број објави на својата Фејсбук страница користејќи „заканувачки јазик“.

Поврзани новости