Најчести акутни заразни заболувања во февруари се овчите сипаници, ентероколитиси и пертусис – големата кашлица, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.
Загриженоста кај епидемиолозите и кај педијатрите е поради тоа што во регионот, но и во Европа покрај големата кашлица циркулира и епидемија од морбили или мали сипаници, а во Македонија нивото на вакцинирани деца со МРП не е на посакуваниот процент.
Во февруари пријавени се и четири случаи потврдени на ХИВ и еден на СИДА, од машки пол, кои се на возраст од 20 до 39 години.
Пријавени се вкупно и 49 случаи на Ковид-19 во текот на февруари.
Во текот на февруари, пристигнати биле две пријави за заразно заболување за ентероколит кај странски државјанин од Шведска и шуга кај странски државјанин од Хрватска, кои престојувале во Република Северна Македонија, информираат од ИЈЗ.