469
Доста се плашевме, доста беше страв, доста беше молк, ни треба слободата, еднаквоста, правдата, порача на денешниот граѓански митинг универзитетската професорка и борец за човекови права Мирјана Најчевска.
– Некогаш е тешко да се зборува за правата и да се одбранат правата. Имаме право да се побуниме против тиранијата и да бидеме достоинствени, имаме право на протести, да се спротивставиме кога се ограничуваат нашите права, кои никој не може да ни ги одземе зашто ни припаѓаат – рече Најчевска.