704
Грчката компанија Цераметал е нов инвеститор во индустриска зона Жабени. Во погонот во Битола ќе се произведуваат метални производи, конструкции и материјали за заварување што се применуваат во енергетскиот и градежниот сектор.
Инвестицијата се проценува на 12 милиони евра, со 600 вработувања.
Неа денеска ја најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, одговарајќи на новинарски прашања по промоција на книги светската литература. Тој рече оти инвестицијата ќе се одвива во две фази, а на почетокот ќе има вредност од 5 милиони евра и капацитет од 150 работни места.