Награди за најдобриот пожарникар, крводарител и полицаец

by fokus

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, им ги додели наградите на најдобиот пожарникар, полицаец и крводарител на територија на град Скопје за 2016 година.

Ѕвонко Стојановски, спасител во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје е избран за најдобар пожарникар. Најдобар полициски службеник за 2016 година е Марјан Димитриевски, вработен во Полициска станица од општа надлежност „Гази Баба”- Скопје, а за најдобар крводарител е прогласен Љупчо Велковски.

Најдобар пожарникар за 2016 година е Ѕвонко Стојановски кој има 27 години стаж, а во текот на изминатата година се истакнал со особено ефикасно и успешно работење. Имено, во рамките на неговата работа учествувал во гаснењето на над 50 пожари и технички интервенции и придонел за намалување на материјалните штети и за спасување на човечки животи.

Најдобриот полицаец за 2016 година е Марјан Димитриевски, вработен во Полициска станица од општа надлежност „Гази Баба”- Скопје, има 24 години стаж, а во изминатата година остварил натпросечни резултати и пожртвувано ги извршувал службените задачи.

Најдобриот крводарител, Љупчо Велковски, досега во изминатите години има 120 дарувања крв и редовно 4 пати годишно дарува крв со што треба да претставува пример и поттик за сите млади дарители чија мисија е да спасат човечки живот.

Поврзани новости