Талески си купи нов службен автомобил

by fokus

Битолскиот градоначалник Владимир Талески се поднови со нов автомобил од буџетот на Општина Битола, објави Мета. Само неколку месеци пред крајот на неговиот трет мандат, Талески службениот „цитроен ц4“ го замени со „пежо 508“, но нема прецизни податоци колку пари потрошил за новото возило.

Советникот од ЛДП, Валентин Груевски, во петокот од советничката говорница обвини дека буџетот за 2016 година бил „список на желби составен од градоначалникот Владимир Талески“.

Од службите на градоначалникот кои се задолжени за кроење на буџетот велат дека трите автомобили што ги купил Талески не се новост бидејќи се набавени пред неколку месеци, само што сега опозицијата ја актуализирала темата.

Поврзани новости