Наградата за Иванов во Сараево била изгласана пред аболицијата

by fokus

Комисијата во Сараево која гласаше за доделување на наградата „Иса бег Исаковиќ“ на претседателот на Македонија, Иванов ја донела одлуката уште пред да се прогласи аболицијата и пред граѓаните да излезат на улични протести. Фрањо Топиќ, член жирито за тамошните медиуми изјавил дека гласал за Иванов, но на увид ги немал сите детали околу неговата работа.

-Да, гласав за Иванов, но тоа беше од поодамна, кога немаше протести. Гласав оти лично сметав дека тоа е поврзување на нашите земји, без да навлезам во целосната работа на овој претсдател, изјавил Топиќ.

-Македонија беше еден од трите предлози, а случајно претседател на таа држава во моментов е Иванов, објаснил Енвер Имамовиќ од Комисијата.

Освен во Македонија, реакции на граѓаните има и во Босна и Херцеговина кои низ медиумите и социјалнит емрежи прашуваат зошто Македонија ја добила наградата и дека требало да се почека за некоја наредна година.

Експертите пак во Сараево коментираат дека таква престижна награда не смее да се доделува некому кој е олицетворение на криминал и корупција.

 

Поврзани новости